ВМРО-ДПМНЕ ја почна блокадата на измените во Законот за служба во армијата

Од:

Законот за служба во Армијата, кој денеска беше на дневен ред пред Комисијата за одбрана и безбедност, не го помина второто читање пред пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ поднела 2000 амандмани во врска со предложениот закон со кој се предвидува војниците да можат да земат отпремнина по завршување на службата, откуп на стажот за офицерите, забрана за политички активности на офицерите…

-Во петокот беа поднесени 2000 амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го блокираат донесувањето на законот за служба во Армијата со кој се регулира доплата на стажот на офицерите до пензионирање како и забраната за членување на офицери да бидат членови во политичка партија, изјави за МИА претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Миле Талевски.

Според него, бројката на поднесените амандмани на опозицијата е да се блокира законот, а најмногу од амандманите се во однос на тоа дека воениоти цивилниот персонал во служба на Армијата да не смее да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на својот фејсбук профил објави дека опозицијата со овој потег ги блокира новите поволности за припадниците на Армијата.

-Ги решаваме еден по еден проблемите кои ни ги оставија и наместо да помогнат, сега блокираат, пишува Шекеринска.

Пратеникот и член на Комисијата, Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ, на прес-конференција истакна дека целта на поднесените амандмани е подобрување на условите за пензионирање и давање можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на законот со остварување право на пензија со навршување 40 години стаж или со навршување 55 години возраст.

-Доколку ова не биде на овој начин регулирано како што бараме, ќе се појави контрадикторност и ќе се изгуби смислата од потребата на бенифицираниот стаж, појасни Стојаноски и додаде дека предлагаат да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос.

Се огласи и Независниот синдикат на одбраната кои ги повикуваат сите чинители одговорни за процесот на донесување на измените во Законот за служба во Армијата веднаш да изнајдат решение во собраниска процедура да се донесат измените на Законот за служба кои директно ги засегаат вработените во Армијата.

–Сметаме дека донесувањето на овие измени ќе биде придобивка за вработените, а со тоа ќе се решат децениските проблеми со кои се соочуваа вработените во Армијата, во смисла на решенијата во измените на Законот околу пензионирањето на специфични групи, решавање на проблемот со професионалните војници со навршени 45 години, како добра алтернативна можност и подобри можности за напредок во кариерата и други придобивки во измените на Законот, потенцираат од НСО и повикуваат законот да биде деблокиран.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ