(ВИДЕО) Нападнат ЛГБТ центарот, повреден полицаец

Од:

Еден полицаец е повреден при нападот на 40 тина маскирани на ЛГБТ центарот во старата скопска чаршија. Напаѓачите во трчање покрај канцеларија каде стоеле двајца полицајци набрзина почнале да фрлаат со камења, шишиња и навивачки реквизити, по што веднаш избегале.

Нападот се случил половина час по почетокот на активноста организаирана од Хелсиншкиот комитет, ЛГБТ центарот за поддршка, Коалицијата за сексуални и здравстени права на маргинилизираните заедници и ЛГБТ јунајтед.

Позади излогот бев јас и моите колеги, а на третиот кат се одвиваше промоцијата на филмот во врска со правата на ЛГБТ заедницата. Не беше планиран никаков јавен марш, но се примети дека некој сакаше да ја вжешти ситуацијата со спинот дека ќе има геј парада. Не ме изненади ова, информациите говореа дека ќе биде направен обид дека ќе биде нападнат Центарот и да се покаже дека тој не може да опстои, од причина што поголемиот број од популацијата изразува негодување дека ЛГБТ заедницата нема права – изјави Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.

lgbt napad (2)

ЛГБТ центарот поседува камери на кои се снимени луѓето кои го извршиле нападот. Од таму се надеваат дека полицијата најкраток можен рок ќе ги приведе напаѓачите.

Само 3 часа пред нападот на ЛГБТ центарот, група од 20-тина тинејџери се собраа пред МПЦ, а потоа и на плоштадот „Македонија“ и беа дел од протестот против геј парадата во Скопје. Тие брутално и без причина претепаа малолетник пред споменикот на цар Самоил.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска

Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Ана Ололовска

Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Емир Латифовиќ