Косово: Уапсени опозициски активисти, фрлале боја на владината зграда

Од:

Најмалку четворица припадници на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД) се приведени денеска, откако се судрија со полицијата која се обиде да ја спречи нивната акција со испишување графити и фрлање боја на фасадата на Владата на Косово.

Денешната акција на припадниците на ПСД, кои на владината зграда испишаа „Финансиско крвопролевање“, а потоа и фрлаа црвена боја, е реакција на вчерашното изгласување од страна на собраниското мнозинство, со поддршка на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, на одлуката на Владата на Албин Курти да издвои 11 милиони евра за покривање на долговите за струја на жителите на општините со мнозинско српско население.

Според очевидци на настанот, во акцијата и во судирот со полицијата учествувал и партискиот лидер Дардан Сејдиу, но тој не е меѓу приведените.

Портпаролката на ПСД, Натира Красниќи, во изјава за порталот „Газета експрес“ вели дека полицијата употребила солзавец и воедно потврди дека се упасени четворица членови на партиското раководство.

– Полицијата на Косово, заедно со Специјалната единица, ги нападна активистите на ПСД, при што ги приведе Нољ Нуши, Фрашер Красниќи, Зѓим Хсени, Ќендрим Сахити и други. Бевме нападнати со солзавец сите кои што бевме таму, изјави Красниќи.

ПСД како партија заживеа во мај 2018 година, кога повеќе од десет истакнати членови на сега владејачкото Движење самоопределување (ВВ) ја напуштија таа партија на актуелниот премиер Албин Курти и ја презедоа речиси згаснатата партија на некогашната косовска функционерка, а подоцна дисидентка во комунистичка Југославија, Каќуша Јашари. Расколот во ВВ се случи откако Курти, иако во март 2015 година објави дека се повлекува од лидерската функција, во јануари 2018-та реши повторно да ја преземе партијата, по што незадоволните од партиските редови го обвинија за авторитаризам и властољубие. ПСД не учествуваше на последните парламентарни избори и нема пратеници во Собранието на Косово.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов