Косовската опозиција бара да си оди шефицата на дипломатијата, за која Тачи и Весели се злосторници

Од:

Најголемата косовска опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), вели дека министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала-Шварц „ги навредува борбата на Ослободителната војска на Косово, загинатите во борбата за слобода и независност и сите силувани жени во војната“, поради што бара од премиерот Албин Курти веднаш да ја разреши од функцијата.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, шефот на пратеничката група на ПДК, Абељард Тахири, изјави дека Грвала „ја навредува најголемата жртва на албанската нација“ и дека говори „со јазикот на наследникот на балканскиот касапин Слободан Милошевиќ“, односно на поранешниот шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

– ПДК не може да дозволи министерката за надворешни работи да зборува со јазик изграден во Белград, затоа што таа го претставува Косово. Бараме од господинот Курти што поскоро да ја разреши таа неодговорна министерка, да го разреши тој човек кој постојано го омаловажува најсветиот дел на нашата нација, изјави Тахири.

На прес-конференцијата, која ја свика откако беше прекината седницата на Собранието на која дојде до жесток судир меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство токму поради критиките на сметка на Грвала, шефот на пратениците на ПДК го обвини собраниското мнозинство дека „се однесува агресивно кон опозицијата“.

– Ние имаме постојана тенденција од страна на мнозинството да се однесува агресивно кон опозицијата. Го повикуваме мнозинството да се повлече од таа позиција, која е многу штетна, изјави Тахири.

Нападите од страна на опозициските партии и политичари врз Грвала започнаа откако таа изјави дека ќе му достави на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, докази против основачите и водачите на ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели. Претходно, Грвала изјави дека поранешниот претседател на државата Тачи и поранешениот собраниски спикер Весели, едниот основач, а другиот доскорешен лидер на ПДК, се „најголемите злосторници во Косово“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина