Челзи и Манчестер Сити ќе играат во финалето на ЛШ, Реал потклекна во Лондон

Од:

Челзи ќе биде противникот на Манчестер сити во финалето на фудбалската Лига на шампионите. „Сините“ од Лондон вечерва на својот терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во реваншот од полуфиналето на елитното натпреварување и по 1:1 во Мадрид, со вкупни 3:1 се изборија за големото финале.

Стрелци на головите за Челзи беа Тимо Вернер во 28. минута и Мејсон Маунт во 85. минута.

Натпреварот кој ќе го промовира новиот европски шампион, кој во секој случај ќе биде од Англија, е закажан за 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Ова ќе биде второ финале во последните три години во кое ќе се соочат два премиерлигаши. Во 2019 година Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0.

Воедно, за тренерот на Челзи, Томас Тухел, завршниот меч во Истанбул ќе биде второ последователно финале во ЛШ. Германскиот тренер лани не успеа да го освои трофејот предводејќи го Пари Сен-Жермен кој загуби од Баерн Минхен (0:1).

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ