Целата индиска делегација на самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) во Лондон е во самоизолација, бидејќи двајца членови на делегацијата се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска британската Влада.
– Двајца делегати беа позитивни, па целата делегација сега ќе замине во самоизолација, рече британски официјален претставник.
Тој додаде дека на самитот се предвидува строг сет на протоколи поврзани со Ковид-19, вклучително и дневно тестирање на сите делегати.
Индискиот министер за надворешни работи Субрахманијам Џаишанкар не беше позитивен на вирусот, објави на Твитер репортер на Скај Њуз, Џо Пајк.
Џаишанкар изјави дека тој виртуелно ќе се приклучи на тековниот самит Г7.
Индија не е членка на Г7, но Велика Британија ја покани на самитот, заедно со Австралија, Јужна Африка и Јужна Кореја.