Блумберг: Самит на Г-7 на 24 февруари посветен на кризата во Украина

Од:

Лидерите на земјите од Г7 планираат на 24 февруари да одржат виртуелен состанок на кој главна тема ќе биде кризата со Украина, јави Блумберг.

Според извор на агенцијата, лидерите на Германија, Франција, Италија, Јапонија, САД, Канада и Велика Британија ќе разговараат за ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина и зголемувањето на руските војници таму.

Во разговорите ќе биде разгледано и прашањето за можни санкции доколку Русија одлучи да изврши инвазија на Украина.

Според Блумберг, учесниците на самитот имаат намера „да се придржуваат до конструктивниот пристап, што повикува на намалување на тензиите преку дипломатија“.

Агенцијата додава дека датумот на средбата може да се промени во зависност од тоа како ќе се развиваат настаните.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сијарто: Некои лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија до последниот млад човек

Коваленко: На украинската војска не и е наредено да држи територија во руската област Курск

Русија: Руските вооружени сили гаѓаа воени аеродроми и складишта за муниција во Украина

Украина испрати ултиматум до НАТО во врска со нејзиниот прием

Зеленски: На силите во регионот Доњецк им треба значително зајакнување

Руските сили уништија 24 украински беспилотни летала над Русија