Причината за разводот на Бил и Мелинда Гејтс по 27 години во заедница е „неповратно скршениот брак“, а документите, кои денеска беа објавени, покажуваат дека разводот го барала Мелинда, објавија американските медиуми.
Документите исто така откриваат дека двојката во 1994 година не потпишала предбрачен договор со кој се регулира поделбата на заедничкиот имот во случај на разделба.
Правните списи, кои ги објави британскиот таблоид „Сан“, откриваат дека ги поднела Мелинда, која наведува дека „странките се раздвоени“.
Најстарата ќерка на познатата двојка, 25-годишната Џенифер Гејтс, набрзо по објавата на нејзините родители дека се разделуваат, го коментираше нивниот потег на Инстаграм.
„Се уште учам како е најдобро да си ги поддржам чувствата во врска со ова, како и сеќавањата на целото семејство во овој момент, и благодарна сум за тоа. Лично нема повеќе да коментирам што било во врска со разводот, но ве молам знајте дека вашите убави зборови и поддршка ми значат се на светот“, напиша Џенифер.
Гејтсови ги имаат уште и синот Рори, кој има 22 години, како и ќерката Фиби (19).
Мелинда претходно, во 2019 година, кога двојката ја прославуваше „сребрената свадба“, за „Сандеј тајмс“ призна дека да се биде со Бил често било „неверојатно тешко“.
„Кога имаше проблем да донесе одлука за тоа дали ќе се венчаме, беше јасно дека тука не станува збор за мене, туку тој размислувал дали може да најде рамнотежа меѓу работата и приватниот живот“, рече таа пред две години.
Веста за разводот на Бил и Мелинда Гејтс предизвика вистинска бура од реакции на социјалните мрежи, од кои многу беа духовити: