Вархеји: Албанија може да почне преговори со ЕУ, С. Македонија да бара решение со Бугарија

Од:

Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, одговорајќи на прашањето дали е можно отворање на пристапните преговори во јуни и раздвојување на Северна Македонија и Албанија.

„Навистина многу тешко прашање, работиме многу напорно и ќе продолжиме, но не сме до крајната цел,“ одговори Вархеји на новинарско прашање дали земјава има се уште шанси да ги почне преговорите со Европската унија во јуни.

Еврокомесарот во Скопје престојува заедно со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, по повод пристигнувањето на првата количина од 4.850 вакцини против Ковид-19 на компанијата „Фајзер“ од вкупните 119.213, кои треба да пристигнат до крајот на август.

Тој, појаснувајќи една своја поранешна изјава, нагласи дека самото вето од Бугарија е драматизирање и подвлече дека ЕК работи на тоа да се вратат работите во нормала што е можно побрзо.

-Враќање во нормала значи постигнување на договор помеѓу двете земји. Договор значи закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и С. Македонија и се разбира, токму ова е тоа на кое ние како ЕУ работиме сега, рече еврокомесарот.

На заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев во спортската сала „Борис Трајковски“, Вархеји на прашањето дали е можно одвојување на Македонија и Албанија, кои досега одеа во пакет во евроинтегративниот пат рече дека процесот се заснова на заслуги.

„Да Албанија ги има исполнето сите услови и ако не се постигне договор за случајот на Северна Македонија мислам дека ќе дојде и тој момент кога ќе треба да разгледуваме и други опции. Денеска разговарав за ова прашање со премиерот Заев и се согласивме дека мора да се направи напредок од двете страни“, рече Вархеји кој додаде дека за ова денеска дискутирал и со неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев.

Во владиното соопштение за средбата, пак, се наведува дека станало збор и за актуелниот миг на процесот за интеграција на земјата во ЕУ, “при што премиерот Заев нагласи дека Северна Македонија е подготвена и отворена за изнаоѓање заедничко решение во билатералниот предизвик со Бугарија и изрази очекување ЕУ да помогне со креативни предлози за решенија“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on