РСБСП: Возачите на електрични тротинети да ги почитуваат сообраќајните правила

Од:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до возачите на електрични тротинети да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, заради нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Поради се почестото присуство на електрични тротинети на улиците во Скопје и во другите градови, РСБСП во соопштение информира дека ова превозно средство може да го управуваат лица над 14 години и дека е забрането движење на коловоз.

Возачот на електричен тротинет е должен да го управува по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. По велосипедска патека односно лента не смее да се движи со брзина поголема од 25 километри на час, а по тротоар и пешачка патека не побрзо од шест километри на час.

– Ако двајца или повеќе возачи на електричентротинет се движат во група, должни се да се движат еден зад друг. Возачот на електричен тротинет не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото, не смее да превезува други лица за време на управување со возилото и не смее да води животни. Треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилот (треба, но нема санкција), наведува РСБСП.

Од првиот самрак до целосно разденување, како и во услови на намалена видливост, возачот на електричен тротинет е должен да носи рефлектирачки елек, а на тротинетот задолжително треба да има светло во бела боја на предната и светло со црвена боја на задната страна.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска