Вакцините „Синофарм“ пристигнаа во Охрид

Од:

Првата пратка од вакцините „Синофарм“ за имунизација против Ковид-19 пристигна во Регионалниот центар за вакцинација во Охрид.

Според планот, од утре во 8 часот стартува масовната имунизација на населението од шест општини од југозападниот дел на земјата во Регионалниот центар за имунизација во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

За процесот на имунизација се монтирани 14 кабини со 28 пунктови за вакцинација, додека за чување на вакцините обезбедена е посебна ладилна комора со дополнителен електрогенератор.

Имунизацијата ќе ја спроведува медицински персонал од сите здравствени установи во градот, а 50 медицински сестри, десет лекари и 24 лица како помошен персонал ќе работат во две смени.

Предвидено е во Регионалниот центар за вакцинација во Охрид да се врши имунизација на околу 1500 лица дневно.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски