Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации

Од:

Истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој. Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната Ковид19 пандемија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

– Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите „Информациите како јавно добро” е повик за афирмирање на важноста за негување на информациите како јавно добро. Да ги поддржиме и заштитиме медиумските права и слободи од политички пристисоци и влијанија. Институциите се должни да создадат демократска атмосфера за остварување на професионално новинарство. Тоа е нужно за да имаме медиумска етика и информирано јавно мислење, објави на својот Фејсбук профил Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ЕК: Северна Македонија треба да работи на целосно усогласување со европското законодавство за слобода на медиумите

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ