Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изрази задоволство од покажаната ефикасност на неговите избраници синоќа на дуелот со Рома.
Манчестер јунајтед ја совлада „римската волчица“ со 6:2 во полуфиналето од Лигата на Европа, иако на полувреме губеше со 1:2.
– Покажавме добра реализација и сме многу среќни. Тимот покажа карактер. Не ги спуштивме главите и се вративме во игра. На пет или десет минути на крајот од првото полувреме, изгледавме избледено, но успеавме да ја подобриме играта, изјави Солскјер.
Реваншот ќе се игра во Рим на 6 мај.