Претседателот на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров разговараа за подготовките за меѓународната мировна конференција за Сирија.
Како што се наведува во соопштението доставено до „Танјуг“ тие се согласиле за неопходноста од нејзиното свикување, со цел да се стави крај на крвавите судири и стабилизација на регионот што е од стратешко значење за меѓународната заедница.
Јеремиќ и Лавров ставија акцент на политичкиот дијалог на завојуваните страни, кој би допринел опстанок на Сирија во нејзините признаени граници, како и слобода на изразување на волјата на нејзиниот народ за својата иднина.
Елена Георгиевска