(ВИДЕО) Рама: Горд сум на Албанците, со смиреност положија голем испит

Од:

Албанските социјалисти изборната победа ја прославија на плоштадот „Скендебег“ во центарот на Тирана, на која пред присутните се обрати лидерот Еди Рама.

Старо новиот премиерот рече дека ова е најтешката победа, но најголемата и најубавата победа за неговата партија.

-Ова е историски рекорд на овој голем тим на изворедни луѓе со извонредна сила и амбиции за Албанија и сила каква што нема друга во оваа земја. Ова е најтешката, најголемата и најубавата победа на Социјалистичката партија. Ова е историски рекорд на оваа голема екипа со извонредна моќ и амбиции за Албанија и сила каква што нема во оваа земја. Честитки со сето мое срце и голема прегратка до сите вас овде и насекаде, јас сум горд денеска како никогаш порано за вас, за секоја личност која се залагаше во кампањата и го даде најдоброто за нашиот тим, актуелни шампиони, повторно шампиони, порача Рама.

Тој порача дека како никогаш досега е горд на Албанците и оти независно кој како гласал, тој ќе биде премиер на сите.

-Повеќе од кога и да е, јас сум горд на Албанците, на обичните луѓе на оваа земја, кои со својот глас положија голем карактерен испит, во овој момент толку предизвикувачки за Албанија. Албанија гласаше, одлучи, победи. Мега проекти за подобра иднина на сите нас, рече тој.

Упати отворена покана до Демократската партија за соработка, велејќи дека третиот мандат ќе го посвети на обединување, а не на кавги.

Рама рече дека „ време е да се подаде рака на ПД“, истовремено потенцирајќи дека политиката е „единствената сила што може да ги обедини и да ги спои војната и мирот“.

-Признај го поразот достоинствено, со убедување дека направи колку што можеше. Поддаваме рака за соработка, гласеше дирекната порака до лидрот на демократите Љуљзим Баша.

Рама го придружуваше неговата сопруга Линда. Тој и се заблагодари нејзе, како и на нивните деца за подршката, трпението и љубовта што му ја даваат.

Емотивно кажа дека дека ова е негова прва победа без физичкото присуство на неговата мајка.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија