Селекторот на руската фудбалската репрезентација, Фабио Капело, негираше дека постигнал договор за премин во екипата на ПСЖ. Иако италијанските медиуми тврдат дека само прашање на време е кога Капело ќе биде претставен како нов тренер на „парижани“, стратегот тврди дека се уште нема ништо конкретно.
– Моментално сум на одмор, сега за сега немам никаква понуда – изјавил италијанскиот стратег за шпанскиот весник „Марка“.
– Капело има договор со фудбалската федерација на Русија и во неколку наврати истакна дека сака да остане на селекторската функција. Тој е многу задоволен тука, – изјави претседателот на руската фудбалска федерација, Николај Толстиј.