Приштинска „Коха диторе“ објави наводен нон пејпер: Автономна област Север Косово, посебен статус за СПЦ

Од:

„Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е содржината на наводниот нон-пејпер објавен од приштинскиот весник „Коха диторе“, јави телевизијата Н1.

Меѓу другите точки, Коха Диторе наведува дека Српската православна црква ќе има посебен статус, додека Митровица ќе биде заедничка економска зона. Според овој документ, се предвидува сите постигнати договори досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година.

Весникот нагласува дека редакцијата го добила документот за кој се вели дека е „нон-пејпер“, подготвен од Германија и Франција, како заедничка иницијатива на тие две земји за продолжување на дијалогот и негово заклучување со договор.

Автентичноста на тој документ не можеше да ја потврди Коха Диторе, но во текстот се наведува дека некои дипломати со кои разговарале потврдиле дека точките споменати во документот се повеќе или помалку во согласност со она што се дискутира во дијалого, јави Н1.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија