Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди попладне, а наутро ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени Целзиусови.
Во Скопје попладне ќе има сончеви периоди, а наутро ќе биде со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 21 степени.
Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има денеска наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.