Не запираат дискриминацијата и говорот на омраза врз ЛГБТИ луѓето

Од:

Според годишниот извештај на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, во Македонија во 2012 година е зголемена видливоста на дискриминација, говорот на омраза и насилството врз сексуалните малцинства. Сето ова останува неказнето, а состојбата со сексуалните и здравствени права на ЛГБТИ луѓето продолжува да се влошува.

Славчо Димитров, активист во Коалицијата на денешната прес конференција укажа дека LGBTIQ луѓето биле изложени на најразлични повреди на нивните човекови права како физичко, психолошко и семејно насилство, говор на омраза и дискриминација, но и социјално исклучување, медиумско негативно стереотипизирање и патологизирање.

„Со ретки исклучоци, државните институции или не преземаа активни мерки за заштита на LGBTIQ луѓето, или пак преземаа мерки кои беа дискриминирачки“, објасни Димитров, посочувајќи дека говорот на омраза кој е насочен кон ЛГБТИ лицата е промовиран и од одредени новинари како и од дел од функционерите на власта.

„Имаме сосема нов медиумски пејсаж за разлика од изминатата година и забележуваме зголемено ниво на медиумска нетолеранција и говор на омраза не само кон припадниците на маргинилизираните групи туку и кон ЛГБТИ лицата“, вели за Радио МОФ Жарко Трајановски.

Како загрижувачки тренд во 2012 година е посочено и објавувањето на ТВ-прилози и колумни во дневни весници во кои се патологизира хомосексуaлноста, „истополовите бракови“ и децата посвоени од „истополови двојки“.

Надлежните инситутции ги игнорираат антидискриминаторските препораки, особено препораката за законско признавање на сексуалната ориентација како дискриминаторска основа во Законот за спречување и заштита од дискриминација, се потенцита во извештајот.

Во извештајот стои дека загрижувачки е трендот од напливот на говор на омраза врз основа на сексуалната ориентација и родовот идентитет на социјалните мрежи, како и поттикнувањето на најгрубо насилство, кое останува игнорирано од страна на обвинителството и полицијата.

Во однос на дискриминацијата врз лицата кои се лекуваат од зависност од дроги, Ирена Цветковиќ од Коалицијата истакна дека во Македонија главен проблем е малиот број на центри за лекување на зависности кој е недоволен да ги опфати сите кои сакаат да се лекуваат.

„Голем е проблемот и во недостатокот на лекови за лицата кои живеат со ХИВ, а истото сериозно влијае врз нивното здравје“, посочи Трајановски.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска

Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Ана Ололовска

Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Емир Латифовиќ