Повеќе од половина од вкупната британска популација или 33.496.293 лица ја примила првата доза на вакцина против коронавирусот, покажуваат најновите податоци на здравствените власти во земјата.
Се проценува дека во Велика Британија има вкупно 66.796.807 жители, така што последните бројки покажуваат дека повеќе од половината од популацијата досега биле вакцинирани со првата доза на вакцина за коронавирус.
На подрачјето на Англија до 24 април, од вкупно 38.189.536 дадени дози на вакцина, 28.102.852 отпаѓаат на првата доза, пренесе ДПА.
Нови податоци до 24 април треба да достават и здравствените власти на Велс, Шкотска и Северна Ирска.
Експертите истакнуваат дека вакцините треба под контрола да ја стават пандемијата на Ковид-19. Тие ги соопштија најновите податоци според кои вакцините го намалија бројот на заразени лица во Велика Британија, и веројатно ќе го намалат ширењето на коронавирусот.
Само една доза на вакцини „Фајзер“/„БиоНТек“ или „АстраЗенека“ за две третини ги намалуваат корорнарните срцеви заболувања и се 74 отсто ефикасни кај симптоматската инфекција.
По примени две дози од вакцината „Фајзер“ забележано е 70-процентно намалување на случаите на заразување и 90 проценти намалување на бројот на симптоматски случаи на болеста.
Експертите се уште собираат податоци за ефикасноста на двете дози на „АстраЗенека“, но тврдат дека нивните податоци сугерираат дека и двете вакцини се ефикасни.