Илјадници британци протестираа денеска во центарот на Лондон против рестрикциите за заштита од коронавирусот, против вакцинацијата како и поради воведување Ковид-пасоши.
Иако во Британија има намалување на рестриктивните мерки, отоврени се продавниците, пабовите и теретаните, а ќе има и дополнителни олеснувања од мај сепак дел од незадоволните граѓани се собраа во централен Лондон. Не носеа маски и не држеа дистанца.
Демонстрантите се противат и на воведувањето на ковид-пасошите за патување во странство кои ќе бидат воведени од средината на мај. Со нив треба да им биде олеснето патувањето на они кои ќе одат на одмор.
Во Велика Британија прва доза вакацина досега примија 33,4 милиони луѓе.