Нуредини ја презентираше националната климатска амбиција во рамки на климатскиот лидерски самит на САД

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска ја претстави климатската амбиција на Република Северна Македонија на виртуелната министерска тркалезна маса организирана од претседателскиот посебен претставник за клима Џон Кери, во рамките на лидерскиот климатски самит на претседателот на САД, Џо Бајден.

-Ревидираниот национално утврден придонес за 51 отсто намалување на емисиите на стакленичките гасови, односно 82 отсто нето редукција до 2030, беше презентиран пред министрите од преку 20 други земји во светот, како дел од заложбата на САД за враќање помеѓу водечките економии за постигнување на климатската неутралност, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На средбата, министерот ја истакна сериозната амбиција на нашата држава како мала, но, ранлива на климатските промени, како и поддршката која е потребна од развиените земји за постигнување на глобалните цели.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари