Османи утре во официјална посета на Косово

Од:

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари официјална посета на Република Косово.

Како што информираат од МНР, покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Грвала Шварц, Османи ќе оствари средби и со други високи претставници на државата, претседателот на Република Косово Вјоса Османи, претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца, како и претседателот на Владата, Албин Курти.

–За време на посетата ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на билатералните односи меѓу двете пријателски и соседни држави, идните проекти и приоритети, кои ќе бидат тема и за идната заедничка владина седница, перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена, наведуваат од МНР.

Се очекува да бидат разменети мислења во врска со актуелните состојби во регионот, регионалната соработка, безбедносните прашања, современите предизвици и перспективите на земјите од регионот од интерес за нивната интеграција во европските и евро-атлантските структури.

Би можело да ве интересира

Курти пред победа на изборите во Косово

Алијансата за иднината на Косово доби нов претседател по заминувањето на Харадинај

Косово на прагот на нови предвремени избори

Османи веќе не е претседателка на Косово

Горан Наумовски

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски