ВИДЕО: Зошто обвинението за „Ровер“ е несериозно?

Од:

Процесот „Ровер“ уште едно искушение за македонското судство. Дали пресудата ќе биде донесена низ призмата на правдата, на политичкото влијание, врз основа на материјални докази или пак од претпоставки? Одбраната на обвинетите, меѓу кои и екс министерот Љубе Бошкоски побара ослободителна пресуда и посочи на недостатокот на докази и несериозното обвинение заснована на гласини и докази од „рекла-казала“.

Секако клучна фигура е заштитениот сведок Ф-15, кој е и најспорен во целиот процес. Дончо Наков, бранителот на Љубе Бошкоски кој е обвинет за помагање на убиството, посочи дека изјавата на заштитениот сведок Ф-15, кој тврдеше дека екс министерот се сретнал во својата куќа со Орце Коруновски кој се води како поттикнувач на убиството на Тушевски, не е веродостојна.

Спорно е кога Љубе Бошкоски се сретнал со Орце Коруновски?

Заштитениот сведок не знаеше ниту ден, ниту месец, ниту година. Како ние да знаеме дека имало средба кога нема доказ за тоа, рече адвокатот Дончо Наков, посочувајќи дека и да имало средба, сведокот не знаел дали Коруновски се сретнал со Љубе Бошкоски, ниту пак слушнал дали нешто зборувале.

Заштитениот сведок на прашање дали го видел Бошкоски, и дали го слушнал нешто да зборува со Коруновски одгвори со „не“.

Тој не знаеше ни дали Љубе Бошкоски бил во својот дом, рече адвокатот Драган Гоџо. Одбраната наведе неколку моменти зошто Бошкоски треба веднаш да биде ослободен од обвинението:

  • За Љубе Бошкоски никој не посочи дека имал средба или поврзаност со убијците.
  • Орце Коруновски е опишан како поттикнувач, од што произлегува дека Бошкоски бил помагач на поттикнувачот.
  • Обвиненито посочува дека Орце Коруновски го искористил своето пријателство со Љубе Бошкоски, а сведоците кажаа дека односите им биле лоши, Коруновски бил лут зашто екс министерот го гонел со потерници.
  • Се наведува во обвинението дека полицијата не презела мерки за да ги најде убијците, но постојат 7 документации за истрагата која веднаш почнала. Направен е увид од истражен судија и јавен обвинител, а во таков случај полицијата само асистира.
  • Никој нема спомнато дека добил наредба од Љубе Бошкоски за убиство, за помагање или да се изведат убијците од земјава.
  • Пиштолот од убиството како материјален доказ не беше донесен во судницата.

Одбраната посочи на низа пропусти во целиот процес-на впечатокот дека обвинението е работено со цел некој да се осуди, а не врз основа на докази.

Гоце Штериевски, застапаникот на четворицата првообвинети Предраг Чубрило, Вук Вукичевиќ, Милорад Ковачевиќ и Милан Илиќ, посочи дека нема докази за четирите обвинети дека се тие извршители на делото.

– Не може за двојно убиство да се изведуваат факти врз основа на вербални докази, односно од сведоци од кои некои немаат кредибилитет, а еден од нив е обвинет во самата постапка, рече Штериевски во завршните зборови.

Она што недостасува за докажување на четворицата со делото според одбраната се следните факти:

  • Нема изведени докази дека четворицата биле на местото на убиството.
  • Нема доказ дали некој од нив пукал со пиштолот застава М57, кој се посочува дека со него е извршено убиството.
  • Во обвинението не се прецизирани идентитетите на четворица, а никој не се ни обидел да побара од Србија да ги пронајде. За судот се недостапни, за новинарите достапни.
  • Нема доказ дека биле на местото на убиството во истиот ден и момент кога се извршило убиството.
  • Од досегашните изјави нема доказ кои лица и колку биле на местото на убиството. Обвинителството тврди дека биле тројца, според сведоците биле двајца, а никој не потврдува ничиј идентитет.
  • Не е утврден нарачател на убиството, посебно не дека е Орце Коруновски.
  • Вук Вукичевиќ е обвинет, а никаде не се спомнува како убиец, ниту од обвинетите, ниту од сведоците, ниту од материјалните докази.

Според обвинението, пиштолот од убиството, убијците му го однеле на кафеанџијата Ивица Ристиќ, на кого му рекле да го фрли, а тој го предал на полицијата. Тој и денеска посочи фотографија на лице кое му го донела пиштолот, ги дал и во полицијата, ама во судот никогаш овие фотографии не се појавија.

Неговиот застапник, Мартин Петров кажа дека Ивица Ристиќ помогнал полицијата да дојде до некои имиња и сега поради тоа завршил во притвор.

Тој напомена дека неговата соработка со полицијата помогнала да се дојде до некои имиња, а сега поради тоа мора да биде во притвор.

Обвинителството го обвини Ристиќ дека помагал во убиството, односно на српските државјани нелегално да влезат во Македонија. Тоа пак се поврзува со позицијата на Љубе Бошкоски, кој како што беше кажано од обвинителката „психолошки влијаел“.

И за ова нема доказ, само претпоставка, која не може да е веродостојна со оглед дека границата до 2006 година ја контролирала АРМ, а не полицијата, чиј министер бил Љубе Бошкоски.

Застапникот на таткото и ќерката на Марјан Тушевски побара на завршните зборови на одбраната, доколку се утврди вина кај обвинетите, да им биде исплатена отштета од близу 90 илјади евра.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска