Обама-Меркел: Нема „надгледување“ граѓани на Европа

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека е-мејл коресподенцијата на граѓаните на Европа не е надгледувана.

На прес-конференција со германскиот канцелар Ангела Меркел таа изјави дека денешните разговори биле пријателски и отворени, а германско-американските односи се добри бидејќи како што рече, постојат заеднички вредности.

Обама се заблагодари на повикот да го посети Берлин точно половина век по Џон Кенеди.
Меркел додаде дека разговарале за ситуацијата во Сирија и Авганистан како и акцијата Призма, и притоа оценуват германски аналитичари, внимателно изнела критики на сметка на американскиот систем за надгледување.

Таа рече дека германските власти добиле некои информации од Американците како во случајот со терористичката група Сауерланд.

Обама нагласи дека мејл-коресподенцијата на граѓаните на Германија или Европа, не е надгледувана и постојат јасни стандарди односно одлуки на суд.

– Со нашите програми спасуваме животи – и во Германија, рече Обама.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти