СРД: Само МРТ незаконски емитува аналоген сигнал

Од:

Без одговор се’ уште стои прашањето на Советот за радиодифузија зошто МТВ на некои места во земјава зрачи преку аналоген сигнал.

СРД се обратила до националниот сервис и од таму велат дека рокот уште е во тек, а откако ќе добијат одговор, на седница ќе разгледаат дали МРТ ги исполнила обврските за дигитализација, вели претседателот на СРД, Зоран Трајчевски.

Замената на аналогниот со дигитален сигнал започна од 1-ви јуни. СРД објаснува дека во овој период, приватните телвизии ги исполниле обврските и ги почитуваат одредбите од законот кои власта ги донесе по брза постапка.

Единствено јавниот радиодифузер речиси еден месец зрачи незаконски во етер.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски