Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Северна Македонија за свои интереси.
Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија кога зборувал за очекувањата на меѓувладината конференција.
– Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, излегува Бугарија и ја блокира Македонија. Зошто Бугарија ја блокира Македонија? Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика таму и ја држи Македонија во заложништво изјавил Рама во интервју за „Визион плус“, пренесуваат албанските медиуми.
Но, Рама оди понатаму, велејќи дека доколку Швајцарија го имаше името Албанија или Северна Македонија и неа ли ќе и беше кажано: „не можете да влезете побрзо“
-Ако Швајцарија е именувана како Албанија или Северна Македонија и доколку сè што има Швајцарија донесе тука, сè, но вие сте Албанија и Северна Македонија, не можете да влезете побрзо, изјавил Рама.