За нов претседател на Советот на амбасадори денеска е избран Мухамед Халили, а за потпретседатели Елеонора Петрова и Александра Наќева-Ружин.
Од Советот на амбасадори попладнево соопштија дека во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски.
Новиот претседател е избран на денешното Годишно собрание одржано онлајн на кое бил усвоен и извештајот за двегодишната работа на оваа организација со која досега раководеше амбасадорот Љупчо Арсовски.
– Едногласна оценка на амбасадорите е дека со голема поддршка на македонските медиуми, Советот на амбасадори, за релативно кус период се промовира во јавноста со објективност, јасни гледишта и ставови низ принципиелен пристап за да да информира непосредно во еден простор кој досега не беше соодветно и на ваков начин презентиран, се вели во соопштението.