Жител на Дебар починал од труење со плин

Од:

Четириесет и три годишен жител на Дебар починал како последица од труење со плин. Тој се затрул пред неколку дена но одбил да се јави на лекар.

-Во 9:45 часот во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Општата болница со проширена дејност во Дебар, пријавено е дека на ургентното одделение, бил донесен пациент во неконтактибилна состојба и без видливи траги на насилство, кој и покрај укажаната медицинска помош, починал, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Додаде дека по известување на јавен обвинител и преземените мерки, констатирано е дека се работи за А.И.(43) од Дебар.

-Според членови од семејството, пред неколку денови инхалирал плин, при обид да отвори плинска боца по што, одбивал да се јави на лекар. Телото на починатиот, е предадено на семејството, посочи Димоски.

Би можело да ве интересира

Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

А1он

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Драма во турскиот Парламент, 80 лица пријавиле болки со стомакот: Покрената е итна истрага

Горан Наумовски