Со едногласна одлука на Конгресот на поранешниот претседател на Перу Мартин Визкари му е забрането да врши било каква јавна функција во следните 10 години. Казнет е затоа што наводно преку ред ја примил вакцината против Ковид-19.
Визкара е прогласен за виновен за злоупотреба на службената позиција, за тајно договарање и за давање лажни изјави во врска со големиот скандал во кој беше откриено дека голем број министри и други официјални лица ја примиле вакцината Синофарм пред таа воопшто и да биде достапна за јавноста во земјата.
Конгресот исто така ја казни и поранешната министерка за здравство со забрана за извршување јавна функција во следните осум години поради истиот престап.