Курти бара од Грција да го признае Косово

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти побарал од шефицата на Канцеларијата за врски на Грција Хрисула Алифери нејзината земјата „да му се придружи на блокот земји кои го признаа Косово“.

Курти со грчката претставничка разговарал за продлабочување на врските меѓу двете земји и ја пофалил посветеноста на Грција кон членството на Косово во меѓународните организации, наведувајќи го примерот со поддршката за членство во Европската банка за обнова и развој.

Алифери, од своја страна, го известила Курти за повикот на Грција кој е упатен до министерката за надворешни работи на Косово, за посета на Атина.

Таа воедно потсети дека следната недела ќе се одржи третиот економски форум меѓу Грција и Косово.

Грција е една од петте земји-членки на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, заедно со Словачка, Кипар, Романија и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина