Крадец и негов млад „чирак“ фатени на дело на плац во Кочани

Од:

26-годишен крадец и неговиот малолетен помошник биле фатени на дело како крадат од плац во Кочани, соопшти полицијата.

„На 14.04.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода А.В.(26) од Кочани и 15 – годишник, затоа што во 11.30 часот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во обид од плац на ул.„Македонска“ во Кочани,“ велат од МВР.

По комплетирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски