УЕФА ја казни Црвена ѕвезда за навредите кон Ибрахимовиќ

Од:

Суспензија од еден натпревар на домашен терен без присуство на публика и парична казна во износ од 25.000 евра изрече денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за српскиот шампион Црвена ѕвезда поради инцидентот за време на натпреварот против Милан во рамки на Лига Европа.

Казната доаѓа поради навредите што му беа упатени на напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ во врска со неговото босанско потекло од ложата на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград на 18 февруари. Првиот шеснаесетфинален натпревар во Лига Европа, кој заврши без победник 2:2, се играше без публика, но на стадионот сепак биле присутни неколку стотици лица, велат од УЕФА.

Црвена ѕвезда ќе мора следниот европски натпревар на домашен терен да го игра со слоганот „Не на расизмот (“#NoToRacism“) со логото на УЕФА, а доколку српскиот шампион повтори сличен инцидент во период од една година ќе мора да одигра уште еден натпревар без присуство на публика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ