Ерменскиот премиер Никол Пашинијан денеска соопшти дека во последните 10 дена од април ќе поднесе оставка на функцијата.
Британските медиуми пренесуваат дека еременскиот премиер се повлекува за да го отвори патот кон предвремени парламентарни избори во земјата.
Медиумите наведуваат дека Пашинијан се соочува со повици за оставка уште од ноември минатата година, кога со посредство на Русија, се согласи да се стави крај на шестнеделниот конфликт во Нагорно Карабах, во кој Ерменците изгубија територии од Азербејџан.
Поразот на Ерменија предизвика сериозна политичка и уставна криза во земјата, проследена со протести на кои премиерот Никол Пашинијан е обвинуван за капитулацијата на земјата.