Институциите се собраа на состанок за подобрување на нивото на Тиквешкото Езеро

Од:

На иницијатива на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска во Кавадарци се одржа меѓуинституционален состанок во хидроелектраната Тиквеш во врска со актуелни прашања поврзани со акумулацијата, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во периодот кој следува, како и другите дејности кои зависат од водата во акумулацијата и нејзиното ниво.

Покрај раководството на АД ЕСМ, на состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, тројца пратеници од Тиквешијата, Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова, градоначалникот на Неготино Тони Делков, директорот на ЈП Водостопанство Васко Стефанов, концесионери од други дејности, соопшти АД ЕСМ. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев беше телефонски координиран за содржината на состанокот, поради неможност да учествува.

АД ЕСМ ги информира присутните дека веќе извесно време не произведува електрична енергија од ХЕЦ Тиквеш, со цел акумулацијата да се исполни до котата 245мнв. која што е потребна за непречено наводнување во вегетацискиот период кој е пред нас. Денеска котата изнесува 242,52мнв. што покажува дека во моментот има вода, а котата во следните денови ќе се зголемува.

Со цел да се обезбеди пооптимална состојба на акумулацијата и задоволување на потребите на сите субјекти чии дејности се потпираат на зафаќање вода од истата или на друг начин се поврзани со Тиквешкото Езеро, по обемната дискусија во која беа вклучени сите присутни субјекти, од денешниот состанокот се утврдени нацрт-заклучоци кои ќе бидат доставени до сите надлежни институции на реализирање, а кои ќе бидат објавени со цел запознавање на јавноста за мерките кои ќе бидат спроведени за во догледно време да се обезбеди континуирано одржување повисоко ниво на Тиквешкото Езеро, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ