ЕСМ е во колапс – Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Од:

Катастрофалното менаџирање со најважното енергетско претпријатие, за што Левица претходно предупредуваше, го потврди самиот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев. Во текот на вчерашниот ден е објавена скандалозна информација дека директорот Узунчев упатил барање до владата за прогласување кризна состојба, наводно поради недостиг на мазут поради протестите на грчките земјоделци. За Левица ова е фингиран обид на Узунчев, со цел владата да го спаси ЕСМ од расипничкото работење и долговите кои ги наталожи раководството поставено од Мицкоски, велат од Левица.

Доколку е прекината набавката на мазут, тогаш ЕСМ може да бара раскин на договорот со добавувачите поради неисполнетост на условите. Единствената кризна состојба во ЕСМ е немањето капацитет на Узунчев да менаџира со ова претпријатие, кој директорската функција ја доби единствено поради блискоста со Мицкоски.

За неспособноста на Узунчев говори фактот што ЕСМ оваа година ќе ја заврши со рекордна загуба од 150 милиони евра, иако неговите најави беа дека претпријатието ќе ја финализира годината со добивка. Очигледно е дека претпријатието не е во можност да исплати ниту плати за вработените, па Узунчев спасот го бара кај Владата и неговиот личен пријател Мицкоски за да прогласат кризна состојба.

Ваквиот акумулиран долг во претпријатие кое секогаш бележело добивка дава сериозни индиции за криминални шеми и тендери во ЕСМ, за кои Левица и претходно објавуваше. Во периодот што следи ќе бидат објавени бројни неправилности за управувањето со ЕСМ, за што ги повикуваме Управата за финансиска полиција и ОЈО-ГООК конечно да истражат што се случува во ова претпријатие под капата на Лазо Узунчев, се наведува во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата