Кипарскиот претседател остро ги искритикува условите од европскиот спасувачки план, наметнат врз неговата земја

Од:

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис остро ги искритикува условите на европскиот спасувачки план, што во март и беше наметнат на неговата земја, пренесоа француските медиуми.

Во писмо, испратено минатата недела до шефовите на еврозоната, Анастасијадис ги излага своите видувања и ги кара дека неправедно постапиле кон островската држава.

Кипарскиот конзервативен претседател посочува дека намалувањето на банкарските депозити, што е мерка без преседан во еврозоната, била наметната врз најголемите сметки во двете главни банки на островот без внимателна подготовка.

– Не беше направено никакво разграничување меѓу долгорочните депозити, кои создаваат високи приходи, и парите што се движат по тековните сметки, како обртен капитал на компаниите, дополнува Анастасијадис.

„Тоа доведе до значителна загуба на обртниот капитал на компаниите“, подвлече кипарскиот претседател.

Тој посочи дека ограничувањата врз паричните текови, што беа наметнати во март за да се избегне истекувањето пари и се уште се во сила, и покрај значителните олеснувања, „сериозно го отежнуваат доброто функционирање на претпријатијата“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска