Нуредини: Се заложуваме за 51 процент редукција на стакленичките гасови до 2030 кон Парискиот Договор

Од:

Со посебно задоволство информирам дека на вчерашната седница Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51 процент намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Тој истакна дека тој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран на ублажувањето на климатските промени.

– Позитивниот аспект од усвојувањето на овој амбициозен Ревидиран национален придонес е засилен со фактот дека истиот го одредува придонесот на државата во реализација на Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот План за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции, дополнува Нуредини.

Во поднесокот се вградени резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови при што вкупно се анализирани 63 политики и мерки за ублажување во секторите: енергија (вклучително и снабдување со енергија, резиденцијален сектор, неспецифицирани сектори, индустрија и транспорт), земјоделство, шумарство и друга употреба на земјиште, отпад и дополнителни мерки (овозможувачки мерки на мерките за ублажување).

Ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и е целосно усогласен со предлог Националниот план за енергија и клима.

Дополнително, тој е силно поврзан со изработката на Долгорочната Стратегија, за која во моментов Министерството води процес на стратегиска оценка на влијанието на регулативата, како и Законот за климатска акција чија прва работна верзија се финализира.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари