Политико – Арлингтон
Турчин со мустаќи, две позлатени столици со висок наслон за грб и кадифен тросед.
Излезе дека ова е сè што е потребно за да се создаде трајно зближување на Европа.
Карантинот за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од страна на турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган на софата во неговата сала за прием во Анкара минатата недела го обедини поделениот континент – во револтот.
Среде врескачкиот декор на лажната султанска палата на Ердоган, кореографијата предизвикува апсурдна слика: во центарот на дејствието е турскиот претседател, со неговиот заштитен знак – човек на цел екран кој седи покрај нервозниот Шарлс Мишел, претседател на Европскиот совет ; од другата страна на собата, исправена на софата Фон дер Лајен во уредно црвено блејзерче, слика на убаво воспитана германска Фрау, со рацете споени во нејзиниот скут, во тивкок пркос.
Кадарот апсолутно ги разбесни Европејците, и оние на лево, и десно и центар. Иратџе Гарсија Перез, лидерка на групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент, го нарече третманот кон Фон дер Лајен „срамен“. Италијанскиот премиер Марио Драги, човек познат по умерениот тон, не се обиде да го скрие својот гнев поради, како што рече, „понижувањето“ на Фон дер Лајан, споредувајќи го, во четвртокот, Ердоган со „диктатор“.
И сето тоа поради софа?
Не баш.
Ако самата Европа беше на каучот, софата би можела да биде нешто друго: збир на неизвесност во регионот, незадоволство и, најмногу од сè, длабочината на нејзиниот комплекс на инфериорност.
Наспроти преовладувачкото европско гледиште, епизодата не беше првенствено за непочитување на жените, туку за моќта. Европската унија, преку своите елегантни згради и големите титули на своите различни „претседатели“, напорно се обидува да проектира моќ. Всушност, малку премногу се труди. А луѓето со вистинска моќ, како Ердоган, не само што препознаваат фалсификати, тие уживаат да ги постават Европејците на нивно место – на каучот доколку е потребно.
Ангела Меркел никогаш не била осудена на прогонство на каучот на Ердоган. Зошто? Затоа што Ердоган сериозно ги сфаќа неа и нејзината моќ. Со оглед на тоа што ниту Мишел, ниту Фон дер Лајен (и покрај нивните титули) немаат голема моќ, нивното понижување е уште попримамливо за некој како Ердоган.
Што ќе стори ЕУ во врска со тоа?
Дури и Мишел и Фон дер Лајен изгледа не знаат. По инцидентот, тие беа премногу зафатени посочувајќи со прст еден кон друг и кон нивните асистенти за несреќата со „протоколот“.
Во обидите да се изјасни за невин, Мишел, поранешен белгиски премиер, се чини дека помина низ пет фази на тага и обратно. Главно, тој е само „тажен“, призна Мишел во објава на Фејсбук минатата недела. Но, она за што се чини дека најмногу се вознемирува е што е фатен на телевизија во живо како се однесува како шовинистички простак, а не го нуди своето место на Фон дер Лајен.
Ривалството во Брисел меѓу Мишел и Фон дер Лајен не е тајна. И судејќи според одговорот на Комисијата, Фон дер Лајен ужива во секоја минута од „Софагејт“. Нејзиниот персонал ја користи можноста од Анкара за сè што вреди. Помалку од 24 часа по епизодата, соработниците на Фон дер Лајен веќе доставија детални извештаи за тоа како реагираат европратениците и јавноста.
„Генерално, за нивниот став се обвинети Претседател на Европскиот совет и Ердоган – јасна поддршка за Претседателката со нови хаштагови како # WeWantOurSeat или #GiveHerASeat“, се вели во внатрешната анализа во која имал увид „Политико“.
Значајно е што вистинската цел на мисијата на лидерите на ЕУ во Анкара е задушена од колективниот бес околу распоредот на седење. Но, малкумина во Европа сакаат да се потсетуваат до кое ниво се потпираат на Турција за да ги држи настрана масите од Блискиот исток и Африка. Ниту, пак, сакаат да бидат потсетени дека договорот вклучува милијарди реални пари.
Помалку е непријатно, како што направи јавниот радиодифузер на Германија во известувањето за посетата, да се нагласи отсуството на Ердоган на прес-конференцијата по средбата, каде што Фон дер Лајен и Мишел зборуваа за светоста на човековите права и Истанбулската конвенција (па што ако малкумина Европејци некогаш макар слушнале за договорот до неодамнешната одлука на Ердоган да се повлече од него).
Не е важно што Турција прифати милиони повеќе бегалци отколку богатата Европа.
Европскиот одговор е типичен за луѓето кои се чувствуваат несоодветни и немоќни. Наместо да признаат дека Европа продолжува да се потпира на Турција за да ги задржи мигрантите подалеку од континентот и сомнителните отстапки што ЕУ ги направи за да го одржи режимот во живот, тие се фокусираат на стилот, начинот на обработка – и особено на нивната специфична дефиниција за „морал“.
Затоа што дури и ако Европа не успее во играта на моќ, таа е во својата класа кога станува збор за проектирање на морална супериорност.
Само циник би сугерирал дека ангажманот на ЕУ со Турција е поврзан со исплатата за продолжување на прифаќањето бегалци, се вели во аргументите на Брисел. Вистинската мисија беа човековите права, а особено правата на жените. Истанбулската конвенција! Што друго има да се каже?
Ердоган е совршен параван за демонстрација на моралот во Европа. Тој е незауздан, популистички диктатор и што е најважно – иако никогаш не било спомнато или констатирано – муслиман.
Европејците можат да го поткрепат својот бес од односот на Ердоган кон фон дер Лајен со вокабуларот на феминизмот, но импликацијата е непогрешлива за секој што е запознаен со антиисламските тензии што го зафаќаат европското општество. За многу европски погледи, Ердоган не само што се однесуваше кон Фон дер Лајен со непочитување ставајќи ја на софата, туку се однесуваше кон неа како што „тие“ се однесуваат кон сите жени.
Во реакцијата на видеото од Анкара речиси можеше да се слушне колективната воздишка: Колку сме среќни што сме Европејци.
Затоа, наместо да го напаѓаат Ердоган, Европејците треба да му се заблагодарат.
Тој не само што ги обедини европските племиња за неколку дена, тој им помогна повторно да се чувствуваат како вистински Европејци.