Бразил/Ковид-19: Се повеќе помлади од 40 години на интензивна нега

Од:

Кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 во Бразил, се повеќе ги погодува младите, покажуваат податоците од болниците собрани минатиот месец, според кои повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години.

Извештајот е објавен од бразилската Асоцијација за интензивна нега и се базира на податоци од повеќе од една третина од одделите за интензивна нега во државата, кои бележат голем пораст на бројот на пациенти кај помладата популација на кои им треба интензивна нега.

За првпат од избувнувањето на пандемијата во Бразил, 52 проценти од капацитетот за интензивна нега се пополнети од пациенти помлади од 40 години. Повеќе од 82.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 се регистрирани вчера во Бразил, со што вкупниот број достигна 13,5 милиони.

Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени и втора според бројот на смртни случаи од последиците од инфекција со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он