Јужноамериканските фудбалери ќе се вакцинираат со донација од кинески Синовак

Од:

Кинеската компанија „Синовак Биотек“ ќе донира 50.000 дози од своите вакцини против Ковид-19 на Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ) наменета за вакцинирање на локалните фудбалери.

-Ова е најдобрата вест што јужноамериканското фудбалско семејство можеше да ја добие. Ова е голем чекор напред во борбата против Ковид-19, изјави претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, додавајќи дека имунизацијата „ќе биде насочена кон прволигашките клубови во машка и женска конкуренција“.

Засега не се познати детали кога пратката вакцини ќе пристигне, но Домингез и се заблагодари на кинеската компанија за „разбирањето дека фудбалот е клучната активност за економијата, културата и менталното и физичкото здравје на Јужноамериканците‘.

Договорот доаѓа во исклучително важен момент за јужноамериканскиот фудбал. На овој континент во тек се двете најголеми клупски натпреварувања, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана, кои вклучуваат бројни патувања ширум Јужна Америка. Ова лето треба да се одржи и Копа Америка, во Аргентина и Колумбија.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

САД најавија сто милиони долари за обука на медицински персонал во Јужна Америка

А1он

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

Блинкен бара „силен“ јужноамерикански пакт за миграцијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он