ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Од:

Ограничен број муслимански верници ќе присуствува на вечерашната ноќна молитва, Тарави, во Големата џамија во Мека, соопштија локалните власти. Ова е втора година како чествувањата за светиот муслимански месе Рамазан се одржуваат под строги правила за заштита од коронавирусот.

Речиси две милијарди муслимани ширум светот ќе го одбележат првиот ден од рамазанските пости, кои почнуваат со младата месечина.

Според исламските верувања, месецот Рамазан е месецот во кој Бог му ги открил првите стихови од Коранот на пророкот Мухамед, а традиционално, Рамазан се одбележува со строг пост кој трае секој ден од изгрејсонце до зајдисонце.

Во изминатите години, светилиштата во Мека и Медина беа преполни со верници од целиот свет, но годинава се воведени строги рестрикции. Влезот во Џамијата на Пророкот во Медина ќе им биде дозволен само на верниците кои се вакцинирани против Ковид-19 или ја прележале инфекцијата. Властите предупредија дека ќе бидат казнети сите верници кои не ги исполнуваат овие услови, а ќе се обидат да влезат во Големата џамија во Мека.

Би можело да ве интересира

Најмалку 550 аџии починаа за време на аџилак во Мека поради топлотен удар

Горан Наумовски

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Ана Ололовска

Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска

На мал аџилак во Мека ќе можат да одат само вакцинирани или со стекнат имунитет од Ковид-19

Жарко Настоски

Муслиманите и Евреите загрижени поради свинскиот желатин во вакцините против Ковид-19

Жарко Настоски