Нестабило време со пообилен и повремено проен дожд, засилен ветер и ретки грмежи се очекува денеска во одделни денови, а утре и задутре во претпладневните делови на планините ќе има врнежи до снег.
Од УХМР информираат дека денеска и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и повремено пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Утре и до четврток претпладне на планините особено на северозападот, врнежите ќе бидат од снег.
Повеќе сончеви период се очекуваат во четврток и петок, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег ќе настапи за време на викендот.
Утре минималната температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 5 до 21 степен.
Во четврток, петок и сабота на места утринската ќе биде под нулата и ќе е спушти до минус три во четврток, минус пет во петок и минус еден во сабота. Во недела и понеделник ќе биде потопло и утринската ќе се движи од два до осум степени.
Дневните ќе бидат од осум до 18 степени.