Најмалку 20 лица загинаа во автобуска несреќа во Перу, соопштија вчера локалните власти, пренесе ДПА.
Автобусот бил се движел од градот Хуанчајло кон главниот град Лима кога се урнал во амбис во Паробамба.
Осумнаесет лица загинале на местото на несреќата, додека двајца тешко повредени патници починале на пат кон болница, пренесува германската агенција.
Во несреќата се повредени уште 14 лица, соопштија локалните власти.
Во Перу често пати доаѓа до несреќи, каде условите за возење и квалитетот на патната инфраструктура се лоши.