А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓукановиќ: Навивам Македонија и Србија да ги почнат преговорите за членство во ЕУ

by А1он18/06/2013 - 14:09141
Share0

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска од Брисел со порака дека тој навива Македонија и Србија да добијат датум за почеток на пристапните преговори на претстојниот Самит на Европскиот совет.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во рамки на неговата посета на европската престолнина и денешните средби со европските челници, Ѓукановиќ одговори на прашањето дали навива Македонија и Србија на претстојниот Самит да не добијат датум за преговори со цел Црна Гора да биде единствената земја во процес на преговори со Унијата, со оглед на откажувањето на Исланд:

– Никако! Ние во Црна Гора многу навиваме сите други земји од регионот да се приклучат и да воспостават максимално темпо на пристап кон ЕУ. Ние внимателно следиме што се случува во Унијата, регистриравме што се случи со Исланд и сметаме дека секоја регионална приказна има свои специфичности. Балканот е поинаква приказна од Исланд. На нас во Црна Гора ни се чини дека е поголем императив европската интеграција на земјите од Западен Балкан, отколку на други земји од Европа оти искуството не учи дека нашите алтернативи се далеку поопасни, порача Ѓукановиќ.

Според првиот човек на Владата на Црна Гора, земја која е во интензивни преговори со ЕУ, многу е важно да се испратат позитивни импулси на покренување на Западниот Балкан, оти според него за овој регион нема алтернатива.

Според Ѓукановиќ, во интерес на сопствената стабилност, економскиот и политички развој на земјите од Западен Балкан е тие силно да одат на патот кон евроинтеграцијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Многу добро би било доколку Македонија што побрзо да го деблокира процесот, да тргне напред. А капитално важен е договорот Србија и Косово, па како најголема земја во регионот, Србија со својата инерција, сила и енергија да даде дополнителен импулс на добро темпо што регионот треба да го оствари во наредниот период, заклучува Ѓукановиќ.

crna goraeu

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

Горан Наумовски19/07/2026 - 19:27

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Горан Наумовски19/07/2026 - 18:12

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:50

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Горан Наумовски18/07/2026 - 21:08

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Горан Наумовски16/07/2026 - 14:08

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео