На претседателските избори во Перу води синдикалистот Педро Кастиљо

Од:

Радикалниот левичар Педро Кастиљо води на претседателските избори во Перу со 16,1 процент од гласовите, додека конзервативниот кандидат Кеико Фуџимори и либералниот Хернандо де Сото го делат второто место со по 11,9 проценти од гласовите, покажуваат резултатите од излезните анкети од вчеравечер.

На четвртото место е популистот Џони Лескано, со 11 проценти од гласовите, следен од ултраконзервативниот претприемач Рафаел Лопез Алиага со 10,5 проценти и левичарската кандидатка Вероника Мендоза со 8,8 проценти од гласовите.

Двајцата кандидати со најмногу гласови влегуваат во вториот круг од изборите.

Анкетата ја спроведе Ипсос и опфати 30.000 гласачи кои излегоа да гласаат на избирачките места во 150 провинции низ Перу, а можноста од статистичка грешка е плус минус три проценти.

Во неизвесната трка на овие претседателски избори во Перу се натпреваруваа 18 кандидати.

По објавувањето на првичните анкети, се славеше во градот Карамарци, родното место на Кастиљо во северен Перу.

-Благодарен сум на перуанскиот народ, но да останеме смирени до конечните резултати, рече Кастиљо (51), учител и лидер на синдикат.

Кастиљо вети измени на 27-годишниот Устав на Перу, едно од главните барања на младите антивладини демонстранти кон крајот на минатата година, кои сакаа да ја ослабат деловната елита и да и дадат на државата подоминантна улога во секторите рударство, нафта, вода, гас и транспорт.

Покрај претседателот, Перуанците вчера избираа и претставници на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните