„Дојче бан“ замешана во корупциски скандал во Грција

Од:

Филијала на германската железничка компанија „Дојче бан“ е обвинета дека плаќала поткупи за да добие договори за изградби во Грција во последните десет години, соопштија денеска медиуми, цитирани од весникот „Катимерини“.

Според обвинител од Франкфурт кој ја истражувал корупцијата во државната железница на Германија, „Дојче бан Интернешенел“ давал поткупи за да си обезбеди договори за време на изградбата на железничката линија до атинскиот меѓдународен аеродром.

Обвинителот распрашал 37 службеници на компанијата за врски со поткупите, кои стигаат до сума од 315 000 евра.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува