МЖСПП почна постапка за распределба на средства на општините остварени за надомест на производство на енергија од фосилни горива

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање ја почна постапката за доделување на средства во вкупен износ од 38.744.498,00 денари на дел од општините, откако Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за распределба на финансии остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива. Овие пари, како наменски дотации, ќе бидат распределени на општините Новаци, Битола, Могила, Кичево, Неготино, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Центар и Чаир.

-Министерството веќе достави барање до посочените општини за доставување на Програма и активности за управување со животната средина со предложени проекти, која треба да биде усвоена од Советите на општините и врз основа на која ќе можат да ги добијат одобрените средства. Реализацијата на предложените активности, за што со општините поодделно ќе бидат склучени договори треба да заврши до крајот на годината, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму појаснуваат дека средствата од оваа одлука се распределуваат согласно критериумите утврдени во Уредбата за методологија за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари