ВИДЕО: „Кралска Принцеза“ – ултралуксузен крузер од 300 метри

Од:

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, сопругата на британскиот принц Вилијм минатата недела официјално го крсти својот прв патнички брод. Бродот има 1.780 луксузни кабини, бања, казино, ТВ студио, 11 ресторани и стаклено дно.

„Кралската Принцеза“ може да прими 3.600 патници и е опремен со казино, спа центар, 11 различни ресторани, галерија со стаклен под и 1.780 луксузни кабини.

Кралскиот крузер во Саутхемптон пристигна минатата недела од Монтефалконе, Италија, каде е направен.

Принцезата името го доби по својата „баба“, која првпат заплови во 1984 година и сега веќе не е во служба.

– Именувањето на бродот по нејзината „баба“ е еден од најстарите морнарски обичаи, изјави Пол Лудлоу, директорот на „Кралската Принцеза“ во Велика Британија.


По именувањето бродот тргна на своето прво патување кон Шпанија, преку Лисабон, Гибралтар и Малага, каде ќе биде на 12 дневно патување низ Медитеранот.

royalprinces0

Цената за патување ќе се движи од 1.500 фунти за 12 дена до 2.600 фунти. Аранжманот опфаќа луксузна соба со телевизор со 37 инчен екран, египетска постелнина од 100 процентна волна и просторни бањи.

royalprinces1

На бродот се наоѓа и ВИП базен и најголемиот шопинг центар некогаш изграден на брод.

royalprinces2 royalprinces3 royalprinces royalprinces4

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска