Мажите кои имаат дијабетес не се изложени на еднаков ризик да бидат погодени од рак на простатата, како што е тоа случај со други мажи.
Ваквото сознание се наведува во една нова шведска студија со која биле опфатени 44.000 мажи заболени од канцер на простата.
– Добро е познато дека дијабетесот има многу негативни ефекти врз здравјето, но нашите резултати всушност зборуваат дека ова заболување се чини има заштитен ефект токму против ракот на простатата, вели Бјорн Зетелиус, кој раководел со шведскиот истражувачки тим.
Како што објави весникот „Упсала ниа тиднинг“, студијата, чии резултати ќе бидат презентирани денеска, е изготвена од страна на Институтот за народно здравје при Универзитетот во Упсала.